28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХоландија го назначи Адвокат за нов селектор

Холандија го назначи Адвокат за нов селектор

Холандскиот стратег Дик Адвокат третпат во кариерата ќе стане селектор на репрезентација на својата земја. Негов помошник ќе биде прославениот ас Руд Гулит, пренесува Де Телеграф.

Според истиот извор, уште само неколку детали го делат Адвокат од потпишување на соработката.

Адвокат ќе го наследи на клупата Дени Блинд, кој минатиот месец доби отказ откако загуби во Бугарија 2:0, во квалификациите за пласман на Светското првенство.

Дик Адвокат е тренер на Фенербахче, а неговиот договор со турскиот клуб истекува на 1 јуни. Тој веќе побарал од клубот да му дозволи да ја предводи Холандија на 29 мај, на пријателскиот натпревар со Мароко.

Искусниот тренер во минатото во два мандати бил селектор (1992-1994 и 2002-2004). Пред него е вистински предизвик, да ја однесе Холандија на Мундијалот во Русија, бидејќи во моментов оваа репрезентација се наоѓа на четвртото место во групата, зад Франција, Шведска и Бугарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП