ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Кисела Вода додели нови ваучери за новороденчиња

Општина Кисела Вода додели нови ваучери за новороденчиња

Општината Кисела Вода денеска додели ваучери на семејствата на 33 новороденчиња.

Бројот на доделени ваучери се искачи на 1906.Ваучерите се во вредност од 6.000 денари.

Проектот е дел од програмата од социјална сфера на општината, донесен по предлог на градоначалникот, а едногласно поддржан од советот на општината. Има за цел да им помогне на новите родители за првите потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето.

Рокот за поднесување на барањата е 90 дена по раѓањето на детето .

Заедно со поднесеното барањето за ваучер,треба да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциска сметка.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП