ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарките на Вардар ја освоија регионалната ВРХЛ лига

Ракометарките на Вардар ја освоија регионалната ВРХЛ лига

Ракометарките на Вардар ја освоија титулата во регионалната лига (ВРХЛ), откако во финалето на завршниот турнир, кој во вторникот и средата, се одржа во Скопје, славеа над Будуќност 27:25.

Како организатори на завршниот турнир, вардарки фигурираа како најголеми фаворитки за титулата и таа улога во целост ја оправдаа на теренот.

Против големиот ривал, избраничките на Ирина Дибирова, константно ја имаа предноста, а мечот доза на неизвесност доби во последните 15 минути, кога Будуќност најпрвин израмни на 21:21, а потоа во 48 минута гостинките имаа и водство 21:22.

Сепак „црвено-црните“ бргу се консолидираа, ја вратија предноста на своја страна, а победата ја обезбедија со голот на Човиќ во последната минута.

Мавсар со шест, односно Пенезиќ со пет гола го предводеа тимот до титулата, додека најефикасни кај Будуќност беа Булатовиќ и Неагу со по осум гола.

Двете екипи по овој турнир ги очекува најваважниот дел од сезоната, односно настапот на завршниот турнир во Лигата на шампионките, кој се одржува на 6 и 7 мај во Будимпешта.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП