ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот на државните патишта се одвива тековно

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Ве известуваме дека за потребите за изработка на проектната документација за комплетирање на клучка Хиподром ќе се започне со превземање активности, односно геодетско снимање и геотехнички истраги на магистралниот пат А2, делница Скопје – Велес и магистрален пат А4 делница Скопје – Куманово во патен појас клучка Хиподром, кој ќе се изведуваат до 10 мај во временски период од 07:00 – 17:00 часот. Во текот на извршувањето на работите сообраќајот ќе се одвива во времен режим на сообраќај согласно поставената сообраќајна сигнализација.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП