29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПобеди за Кил и ПСЖ во ракометната Лига на шампионите

Победи за Кил и ПСЖ во ракометната Лига на шампионите

Кил го доби првиот четвртфинален дуел против Барселона 28:26, додека ПСЖ победи во Унгарија кај Пик Сегед 30:27 и со голема веројатност одбезбеди пласман на завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони.

Кил одигра подобро од Барселона, но успеа да акумулира само два гола пред реваншот наредната сабота. Германскиот тим победи 28:26, а дури 20 погодици за Кил постигнаа тројца играчи (Вујун 10, Екберг 6 и Винчек 4).

Барселона ја предводеше Раул Ентрериос со четири гола, Кире Лазаров постигна два, а Борко Ристовски кој го започна натпреварот на голот на Барса имаше три интервенции.

Кил од стартот го диктираше ритамот, по 17 минути игра имаше предност 9:5, но до крајот на полувремето Барселона се доближи на само гол негатива (16:15). Во второто полувреме лајт мотив беше предноста на Кил од два до четири гола, односно кога и домаќинот да се „одлепеше“ на четири гола, гостите ја враќаа разликата на два.

Инаку Барса го имаше последниот напад на мечот, потроши 35 секунди за него, но нејзините играчи не одиграа акција со која можеа да го загрозат Ландин, кој на крајот заврши со 11 интервенции.

Кил во реваншот ќе биде ослабен за неиграњето на Рене Тофт ЈХансен, кој поради еден груб старт врз Жалуз доби директен црвен картон.

ПСЖ „со една нога“ е веќе во Келн по гостинската победа над Пик Сегед 30:37. Францускиот првак од почетокот до крајот имаше предност, а домаќинот само неколку пати во првиот дел успеваше да израмни.

Најголемите ѕвезди на ПСЖ, Никола Карабатиќ и Микел Хансен, со по седум голови го предводеа тимот, а гол помалку постигна Германецот Уве Генсхајмер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП