ПочетнаКУЛТУРАЗапочнува детскиот литературен фестивал Ракатки

Започнува детскиот литературен фестивал Ракатки

Овогодинешното издание на литературниот детски фестивал Ракатки ќе се одржи во Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш.

По објавениот конкурс и пристигнатите творби, жири-комисијата одбра триесетина најдобри творби кои ќе се претстават на самиот фестивал, каде што ќе добијат пофалници и награди.

Програмата ќе ја збогатат млади музичари, а ќе присуствуваат и дел од писателите за деца и млади.

По традиција, фестивалот Ракатки се одржува во Скопје, но оваа година организатор и покровител на настанот е градот Радовиш.

Средбата ќе ја отвори градоначалникот на Радовиш Сашко Николов.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП