28 март, 2024
ПочетнаДИЕТИ5-дневна мартовска диета

5-дневна мартовска диета

Оваа диета претежно се состои од овошје и зеленчук. Таа трае 5 дена, после кои се потребни 2 дена одмор, односно нормално, но не претерано јадење, пред да започнете со вториот круг од пет дена, доколку не сте ја постигнале посакуваната тежина. 

Наречена е и мартовска диета, бидејќи најчесто март е месецот во кој треба да започнете со прочистување на телото од токсини и намалување на вишокот килограми со цел постепено до летото да се доведете до совршенство.

Значи од понеделник до петок ја држите диетата, сабота и недела одмарате со умерено консумирање на повеќе намирници, и така овој процес го повторувате уште една недела, нормално доколку имате потреба.

 

1 Ден

Појадок: овошје, двопек, кафе

Ручек: овошје, 1 варено јајце, 1 кисело млеко

Вечера: 2 домати, 2 варени јајца, 1 краставица, 2 двопека

 

2 Ден

Појадок: овошје, двопек, кафе

Ручек: овошје, 1 варено јајце, 1 кисело млеко, 2 двопека

Вечера: 125 гр варено телешко месо, 1 домат, овошје, 1 двопек

 

3 Ден

Појадок: овошје, двопек, кафе

Ручек: овошје, кисело млеко, 2 краставици

Вечера: 125 гр варено телешко месо, овошје, двопек

 

4 Ден

Појадок: овошје, двопек, кафе

Ручек: 125 гр сирење, 1 домат, 1 двопек

Вечера: 125 гр варено телшко месо, овошје, двопек

 

5 Ден

Појадок: овошје, двопек, кафе

Ручек: 200 гр варено телешко месо, 1 домат, 1 двопек

Вечера: 500 гр варен зеленчук, 1 јајце, 1 домат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП