28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо тимот на сезоната доминираат играчите на Челзи и Тотенхем

Во тимот на сезоната доминираат играчите на Челзи и Тотенхем

Здружението на професионални фудбалери на Англија (ПФА), во најдобриот тим сезонава, во Премиер лигата, избра по четворица фудалери на Челзи и Тотенхем.

Свечената церемонија, која е 44. по ред, на која ќе бидат прогласени најдобрите во Премиер лигата, според изборот на ПФА, ќе се одржи наредната недела.

ПФА го објави идеалниот тим за сезоната 2016/2017, а во него се голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа, додека дефанзивната четворка ја формираа играчите на Челзи – Гери Кејхил и Давид Луиз, односно Тотенхем- Кајл Вокер и Дени Роуз.

Во редот за врска се Нголо Канте од Челзи, Деле Али од Тотенхем, Садио Мане од Ливерпул и Еден Азар од Челзи.

Нападот го предводат Хари Кејн од Тотенхем и голгетерот на Евертон Ромелу Лукаку.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП