ПочетнаАВТОБИЗДве нови серии на Лада Нива за јубилејот 40 години постоење

Две нови серии на Лада Нива за јубилејот 40 години постоење

Руската компанија Автоваз, производител на „Лада“, за јубилејот 40 години постоење го понуди своето легендарно теренско возило „Нива“ во две посебни изданија со ограничена серија.

Лада Нива не е теренско возило што се поврзува со луксуз, нејзина главна цел е едноставност и издржливост во сите услови на возење.

Нејзиниот основен изглед е идентичен 40 години, слично како Мерцедес-Бенз од Г класата или Ленд Роверот Дифендер.

Русите, за достојно одбележување на јубилејот, Нивата ја понудија во две посебни серии, кои се луксузни.

Едната едиција е наречена „Еdition“, додека втората “40th Anniversary”, а обете ќе бидат произведени во 1977 примероци.

„Edition“ серијата е достапна со додатоци од челик и еко кожа во ентериерот, посебно обоена инструмент табла, додека другиот специјален модел пристига со каросерија во маскирна боја, посебни логотипови и црни кожни седишта.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП