29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО14 милиони евра ќе плати Севилја за откуп на договорот на Јоветиќ

14 милиони евра ќе плати Севилја за откуп на договорот на Јоветиќ

Раководството на Севилја реши да го откупи договорот на црногорскиот репрезентативец, Стеван Јоветиќ. Овој фудбалер, во јануари, пристигна во Андалузија како позајмен играч од Интер.

Стеван Јоветиќ виманието на фудбалската јавност ја привлече кога беше играч на Фиорентина. Добрите игри во Фиренца му овозможија трансфер во Манчестер Сити, но во Премиерлигата имаше многу проблеми со повредите, поради што се пресели во Интер, каде не доби вистинска шанса.

Во јануари реши да се пресели во Севилја, каде успеа да се наметне и да постигне пет гола на 16 натпревари.

Особено добар впечаток остави во двата натпревари (во Купот и превенството) кои ги одигра против Реал и на кои постигна по еден гол.

Добрите изданија го натераа тренерот Хорхе Сампаоли да побара од раководството да го откупи договор на црногорскиот играч.

Севилја за откуп на договорот на Интер ќе му платат 14 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП