29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКил го освои Купот на Германија

Кил го освои Купот на Германија

Кил го освои Купот на Германија, откако во финалето славеше над Фленсбург 29:23.

Кил го освои првиот трофеј во Купот по 2013 година, кој е десетти за „зебрите“ во клупската историја, со одличното издание во второто полувреме.

Откако првото полувреме мина во рамноправна борба, Кил победникот го реши во периодот од 33. до 42.минута кога кога постигна пет гола, а на противникот не му дозволи ниту еднаш да ја погоди мрежата на Ландин.

Данскиот голман беше играч на натпреварот, тој на крајот имаше 14 успешни интервенции. Голгетерски Кил го предводеае Дувњак и Екберг со шест голови.

Фленсбург, кој во саботното полуфинале блескаше против Рајн Некар, немаше сили во финалето да му се спротивстави на Кил.

Ракометарите на Фленсбург, в четврток на 22.април, во првиот четвртфинален меч во Лигата на шампионите ќе го пречекаат Вардар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП