28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар чекор поблиску до титулата, Работнички ја победи Шкендија

Вардар чекор поблиску до титулата, Работнички ја победи Шкендија

Вардар по 25.коло во Правта македонска фудбалска лига направи уште еден чекор кон одбрана на титулата, откако победи во Тетово кај Ренова, а во исто време Работнички ја совлада Шкендија. Колото беше сиромашно со голови, беа постигнати пет на петте натпревари, а две средби завршија без голови.

Работнички, „одигра“ за Вардар и со победата над Шкендија веројатно ја реши шампионската трка. „Романтичарите“, во средата, минимално ја совлада Шкендија со 1:0, со голот на Трајчевски постигнат во 24.минута. Неколку минути пред голот на Работнички, Шкендија ја имаше најголемата шанса на натпреварот, но Ибраими од пенал не успеа да постигне гол.

Вардар гостуваше во Тетото кај Ренова, не импресионираше со играта, но ја оствари намерата и со три бода се врати во Скопје.

Поранешниот репрезентативец Блажевски го постигна единствениот гол на натпреварот во 74.минута.

„Фенерџијата“ Брегалница, за едно полувреме ја обезбеди победата над Шкупи. Наумов, Здравков и повторно Наумов во претпоследната минута од првиот дел ги постигнаа трите гола за Брегалница.

Без голови во ова коло завршија дуелите помеѓу Пелистер и Силекс, односно Македонија ЃП и Победа.

Резултати, 25.коло:

Македонија ЃП-Победа 0:0
Ренова-Вардар 0:1
Брегалница-Шкупи 3:0
Работнички-Шкендија 1:0
Пелистер-Силекс 0:0

Табела: 1. Вардар 59, 2. Шкендија 50, 3. Работнички 42, 4. Пелистер 37, 5.Силекс 35, 6. Ренова 31, 7. Шкупи 25, 8. Победа 22, 9. Македонија ЃП 17, 10. Брегалница 16.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП