24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНашата Девис куп репрезентација ги доби противниците

Нашата Девис куп репрезентација ги доби противниците

Девис куп репрезентацијата на Македонија ги дозна имињата на противниците на турнирот од третата Евро-африканска зона, кој на 5.април ќе започне во Созопол, Бугарија.

Девис куп репрезентацијата на Македонија во Бугарија ќе настапи во состав Томислав Јотовски, Димитар Грабул, Горазд Србљак и Шендрит Деари.

Македонските тенисери во Б групата ќе играат против Малта (5.април), Исланд (6.април) и Молдавија (7.април).

Првата позиција во групата носи пласман во баражот, преку кој Македонија ќе се обиде да избори пласман во втората Евро-африканска зона на Девис купот.

Доколку влезе во баражот Македонија ќе вкрстува со Ц групата во која се Сан Марино, Албанија, Луксембург, Лихтенштајн.

Трета Евро-африканска зона:

Група А. Ерменија, Бугарија, Грција
Група Б: Македонија, Исланд, Малта, Молдавија
Група Ц: Сан Марино, Албанија, Луксембург, Лихтенштајн
Група Д: Андора, Косово, Ирска, Црна Гора.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП