19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВТА: Лина Ѓорческа го бележи најдобриот пласман во кариерата

ВТА: Лина Ѓорческа го бележи најдобриот пласман во кариерата

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, на најновата ВТА листа напредуваше за пет позиции и од понеделникот се наоѓа на 187-то место во светот во сингл, додека на дубл листата е на 137-та позиција.

Лина Ѓорческа го бележи најдобриот пласман во кариерата на ВТА листата, таа на најновата листа се наоѓа на 187-то место, што е за пет места подобро од нејзиното претходно рангирање.

На дубл листата, Ѓорческа е на 137-то место, откако во Италија викендов ја освои титулата во комбинација со Американката Пара Бернарда.

На врвот на ВТА листата е Анжелик Кербер, Серена Вилијамс, Каролина Плишкова, Симона Халеп, Доминика Цибулкова, Гарбиње Мугуруза и Џоана Конта која напредуваше за четири позиции, откако во сабота го освои Мастерсот во Мајами.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП