18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОППД Загреб ја раскина соработката со тренерот Силвио Ивандија

ППД Загреб ја раскина соработката со тренерот Силвио Ивандија

Раководството на хрватскиот ракометен шампион ППД Загреб спогодбено ја раскина соработката со тренерот Силвио Ивандија на чие место дојде Славко Голужа.

Силвио Ивандија повеќе не е тренер на ППД Загреб, објави клубот на својата интернет страница. Тренерот и клубот договориле во понеделникот соработката спогодбено да биде раскината.

ПДД Загреб, исто така, објави дека до крајот на сезоната екипата ќе ја предводи поранешниот хрватски селектор Славко Голужа, кој од наредната сезона ќе биде тренер на Татран Прешов.

Првиот предизвик кој стои пред Голужа е завршниот турнир во СЕХА лигата, кој од петок до недела ќе се игра во белорускиот град Брест.

ППД Загреб во првото полуфинале на звршниот турнир за противник ќе го има најдобриот тим во регуларниот дел на сезоната, македонскиот шампион Вардар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП