24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФедерер ќе паузира до Ролан Гарос

Федерер ќе паузира до Ролан Гарос

Роџер Федерер, кој од почетокот на сезоната игра во неверојатна форма, најави дека ќе направи пауза до почетокот на Роланд Гарос. Швајцарецот, во неделата, трет пат во кариерата го освои Мастерсот во Мајами.

Федерер, сезоната ја започна на 17-та позиција на АТП листата, а по три месеци и освоени три титули стигна до местото број 4. Швајцарецот победи на грен слемот во Австралија, а потоа ги освои Мастерс турнироте во Индијан Велс и Мајами.

Федерер сезонава успеа да оставри четири победи во дуелите со Рафа Надал, што досега никогаш не му успеало.

„Превентивно размислувам да одморам. Немам повеќе 24 години, морам да ги бирам моментите кога сум во најдобра форма и да внимавам на здравјето. Минатата сезона коленото чудно се однесуваше на земјаните подлоги. Мислам дека правам добра работа што ќе ја прескокнам сезоната на оваа подлога“, рекол Федерер.

Оваа негова изјава значи дека ќе ги пропушти Мастерс турнирите во Монте Карло, Мадрид и Рим.

„Во Цирих на 10.април ќе играм меч за Африка, а потоа се враќам во теретана, да работам на сегменти на кои не можев да им се посветам изминатите месеци. Ќе тренирам на тври терени, а на земјана подолога ќе започнам да тренирам на две недели пред почетокот на Ролан Гарос. Вимблдон е најголемата цел во поблиската иднина, а потоа турнирите на американската турнеја. На Ролан Гарос нема да бидам под притисок, но сезоната на трева ми е исклучително важна бидејќи ќе играм во Штутгарт и Хале“, допонил Федерер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП