23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА лига: Цедевита е првиот финалист

АБА лига: Цедевита е првиот финалист

Кошаркарите на Цедевита славеа третиот полуфинален натпревар со Партизан 87:78 и изборија пласман во финалето, во АБА лигата.

Цедевита трета година по ред ќе игра во финалето во АБА лигата, откако ја доби полуфиналната мајасторка против белградски Партизан. Белградскиот тим четврта година во низа не успева да го мине полуфиналето, а три пати пречка на тој пат му е Цедевита.

Хрватскиот шампион и покрај сите проблеми кои го задесија во текот на натпреварот, успеа да победи, најмногу поради одчичите остварувања на Џанан Муса во првото и Лука Бабиќ во финишот на мечот.

Цедевита, по нецели две минути игра остана без својот најдобар играч и стрелец Рајан Боутрајт, а во третата четвртина играта ја напушти, поради повреда на коленото, Марко Араповиќ.

Домаќинот на овој меч од почетокот до крајот водеше, ја контролираше играта, а во еден момент од мечот имаше предност и од 14 поени. Доминираше во првиот дел Муса кој постигна 14 поени, со само едно промашување од поле.

Партизан, во финишот на третиот период успеа да се врати во мечот, а во последната четвртина се доближи на три поени негатива 73:70, но потоа „црно-белите“ не реализираа шест напади, однодно пет пати беа непрецизни во обидите за три поени.

Цедевита имаше предност 76:70 на 75 секунди до крајот, кога на сцена стапи Бабиќ кој до крајот ги постигна сите 12 поени за својот тим.

Муса и Билан со по 16 поени беа најефикасни играчи на Цедевита, а Бабиќ постигна 14 кошеви. Кај Партизан Хечер беше стрелец на 16, а Луковиќ на 13 поени.

Противник на Цедевита во финалето ќе биде победникот од полуфиналето помеѓу Црвена звезда и Будуќност, третиот меч од оваа серија ќе се одигра во вторник, во Белград

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП