ЕКОНОМИЈА

Откриен најголемиот рудник за злато, доволен за 40 години

Во Кина е пронајден најголемиот рудник за злато во кој, според проценките може да се наоѓаат дури 382 тони од овој скапоцен метал, вредни повеќе од 22 милијарди долари.

Локалните медиуми пренесуваат дека златната жила е подолга од два километри, а широка 67 метри. Во полн капацитет, рудникот во Лаиџоу-Џаојуен на северозападот од полуостровот Јиаодонг во источниот регион на Шандонг може да произведува злато 40 години.

Веста ја објави компанијата Шандонг голд груп.

Инаку, овој регион има најголеми лежишта на злато во земјата.

Кина е петта земја во светот според резервите на злато, по САД, Германија, Италија и Франција, а новоотворениот рудник би можел да содржи 20 проценти од тие резерви кои се проценуваат на 1.834 тони.