ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Македонската берза беше релативно мирно

На Македонската берза беше релативно мирно

Акцијата на Нова стоковна куќа АД Струмица во петок се најде на врвот со остварени 14.5 милиони денари или учество од над 49% во вкупниот промет кој изнесуваше 29.572.000,00 денари.

Најголем раст на вредноста од 1,13% со истргувани 1.131 акција по просечна цена од 76 денари забележа акцијата на Макстил АД Скопје.

Наспроти нив на листата на губитници се најдоа, во прв ред со најголем пад од (-5,11%) акција на Стопанска банка АД Битола, а по неа следеа акциите на Тиквеш со пад од (-2,97%) и Македонски телеком од (-2,39%).

Индексот МБИ-10 денот го заврши со пад од 0,57%, и изнесуваше 2.264,05 индексни поени, додека пак индексот на обврзниците порасна за 0,19% и моментално изнесува 129,70 индексни поени

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП