20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА историја: Феникс стартуваше со најмладата петорка

НБА историја: Феникс стартуваше со најмладата петорка

Феникс, изминатата ноќ убедливо загуби од Бруклин 128:98, но според еден податок екипата се запиша во историјата на НБА лигата.

Стартната петорка на Феникс Тајлер Улис, Девин Букер, Дерик Џонс јуниор, Мариз Киз и Алекс Лен е најмладата која започнала натпревар во НБА лигата. Возраста на петмината кошаркари во просек изнесува 21 година и 14 денови.

Kако што пренесува ЕСПН, оваа петорка на Феникс, во просек и помлада и од речиси сите тимови кои учествуваат на „мартовското лудило“, завршниот турнир во колеџ, НЦАА лигата.

Помлада стартна петорка има само Универзитетот Пардју, во просек 20 години и 265 денови.

Претходниот рекорд беше во сопственост на ЛА Клиперс, овој тим во 2010 година стартуваше со петорка на просечна возраст од 21 година и 143 денови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП