30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемите банки во светот се вклучени во перење на пари од Русија

Најголемите банки во светот се вклучени во перење на пари од Русија

Готовина, која е изненсена од Русија со помош на различни шеми за перење пари, поминале низ најголемите банки во светот, пишува британскиот весник „Guardian“. Во британските банки, меѓу кои е и „HSBC Holdings Plc“, поминале 740 милиони долари, пишува весникот, повикувајќи се на финансиски документи со кои располага.

Документите содржат детали за околу 70.000 банкарски трансакции, а во 1.920 се вклучени компании од Велика Британија, а во 373 – американски компании.

Според документите минимум 20 милијарди долари се изнесени од Русија во периодот 2010 – 2014-та година и голем дел од овие пари остануваат во странските банки. Потоците се поврзани со т.н. „Светска машина за перење“ која била предмет на истрага во друг извештај за организираниот криминал и корупцијата од 2014-та година.

Во „HSBC“ поминале 545 милиони долари од оваа „Светска машина за перење“, претежно во филијалата на банката во Хонг Конг. Кон „Royal Bank of Scotland Group Plc“, чиј мнозински сопственик е се уште британската држава, биле насочени 113 милиони долари. Во „Standard Chartered Plc“, „UBS Group AG“, „Citigroup Inc.“, „Bank of America Corp.“, „Barclays Plc“ и „ING Groep NV“ сумите кои поминале изнесуваат од 2 милиони долари до 37 милиони долари.

Сите банки, цитирани во документите, тврдат дека вршат мерки за строга контрола на перењето пари, иако ниедна не ја оспорува автентичноста на податоците, наведува британскиот весник. Сопствениците на офшор компании кои ги придвижуваат своите пари во банките, често го чуваат својот идентитет во тајност.

Компаниите кои ја штитат анонимноста на сопствениците може да се целосно легитимни, но можат да уживаат и во шемите за перење пари, даночни средства или даноци. Во САД на пример, како и во другите земји, се бара од банките да вршат длабинска проверка на своите клиенти да се знаат вистинските сопственици на такви структури.

Банките се очекува да ги предупредуваат властите за трансакции за кои се бара понатамошна истрага.

„Овој случај ја нагласува потребата од поголемо споделување помеѓу јавниот и приватниот сектор на информации“, коментира „HSBC“ за овој случај.

„RBS“ додава дека се ангажира во борбата против финансискиот криминал и перењето пари во согласност со правилата на банката.

„Standard Chartered“ коментира дека е посветена во спречувањето на измами, перење пари и финансирање на тероризам, како и дека ќе испитува „секакви знаци за сомнителни активности“.

„Citigroup“ исто наведува дека постојано се преземат чекори за подобрување на системите за контрола на перење пари и други нелегални трансакции.

Портпаролите на други банки, одбиваат да дадат коментар засега или не реагирале на пребарувања.

Британското издание наведува дека за насочување на пари надвор од Русија две лица обично божем доделуваат кредити едно на друго. Подоцна една од фирмите обично „банкротира“, а бизнисот може да испрати пари на сметка во Молдавија, на пример. Потоа парите одат обично во Латвија, а оттаму се насочуваат кон Европската унија.

Властите во Русија, Молдавија и Латвија посочуваат дека презеле мерки против перењето пари. Шефот на централната банка на Русија Елвира Набиулина пример презеде чистка меѓу банките и затвори околу 100 финансиски институции во текот на минатата година. Многу од нив се декапитализирани и осомничени за кршење на законите за перење на пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП