19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВодечките три тима во Евролигата доживеаа порази

Водечките три тима во Евролигата доживеаа порази

Водечките три екипи во Евролигата забележаа порази во 26.коло, додека петте тима кои се борат за пласман во четвртфиналето запишаа победи и само ја зголемија неизвесноста во последните четири кола.

Басконија, во драматична завршница, успеа да слави против ЦСКА 79:78, со поените на Ларкин на 30 секунди до крајот. Во последната минута Теодосиќ со две тројки и асистенција за Огустајн успеа да ја донесе ЦСКА до 77:78. Ларкин возврати за минимална предност на Басконија, а во последниот напад ЦСКА не успеа да организира акција за поени.

Сеназица приреди отпишаниот Галатасарај, кој во Атина и покрај негативата од 18 поени, успеа да слави против Олимпијакос 71:80. Ден претходно Панатинаикос славеше против Реал 88:82.

Резултати: УНИКС-Жалгирис 80:82, Дарушафака-Барселона 67:56, Олимпијакос-Галатасарај 71:80, Басконија-ЦСКА 79:78, Анадолу Ефес-Макаби 92:87, Панатинаикос-Реал 88:82, Бамберг-Фенербахче 78:83, Армани Милано-Црвена звезда 71:78.

Табела: 1. Реал 19/7, 2. ЦСКА 19/7, 3. Олимпијакос 18/8, 4. Фенербахче 17/9, 5. Панатинаикос 15/11, 6.Црвена звезда 15/11, 7. Басконија 15/11, 8. Ефес 14/12, 9. Дарушафака 13/13, 10. Жалгирис 12/14, 11. Барселона 10/16, 12. Бамберг 9/17, 13. Галатасарај 9/17, 14. Макаби 9/17, 15. УНИКС 7/19, 16. Армани Милано 7/19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП