25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈанковиќ е МВП во регуларниот дел од сезоната во АБА лига (видео)

Јанковиќ е МВП во регуларниот дел од сезоната во АБА лига (видео)

Кошаркарот на Олимпија, Никола Јанковиќ е прогласен за МВП во регуларниот дел од сезоната во регионалната кошаркарска АБА лига.

Српскиот центар кој од оваа сезона игра во Олимпија сезоната ја заврши со просечен индекс на успешност 19,24, речиси поен повеќе од бекот на Цедевита Рајан Боутрајт, кој одигра 10 натпревари помалку од Јанковиќ.

Во регуларниот дел од сезоната Јанковиќ во просек по натпревар бележел 16,6 поени, 7,3 скока, 1,4 украдени топки и 1,1 асистенција.

Инаку на МВП листата доминираше Анте Жижиќ која на 13 натпревари имаше просечен индекс на успешност 28,23, но тој во декември од Цибона замина во турскиот евролигаш Дарушафака.

Од играчите кои во АБА лигата настапуваа за македонските тимови МЗТ и Карпош Соколи највисоко котира центарот на МЗТ Џош Скот со индекс 15,92, во просек на 25 натпревари во лигата тој бележел по 12,2 поени, 6,9 скокови и една асистенции.

На оваа листа 13-ти е кошаркарот на Карпош Соколи, Драган Лабовиќ, со просечен индекс на успешност 15,08. Лабовиќ на 26-те натпревари во просек бележел по 15,5 поени, 4,6 скокови, 1,3 асистенции и 1,7 украдени топки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП