ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата опадна

Цената на нафтата опадна

nafta11

Цената на суровата нафта утрово опадна на околу 94 долари за барел, откако Јапонија објави мало зголемување на фабричкото производство.

Американската нафта за испорака во јуни поевтини на берзата во Њујорк за осум центи, на 94,42 долари за барел, пренесува агенцијата Франс Прес.

Истовремено на берзата во Лондон, еден барел од нафтата „брент“ поевтини за 16 центи, на 103,65 долари.

Податоците кои во понеделникот ги објави јапонската влада укажуваат на мал раст на фабричкото производство, но тоа подобрување не беше толку големо како што очекуваа аналитичарите.

„Силното производство на енергенси во САД, исто така, ја задржа цената на нафтата под контрола“, наведуваат аналитичарите.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП