29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСлавниот Пјерлуиџи Колина ќе го суспендира судијата на мечот Барселона-ПСЖ

Славниот Пјерлуиџи Колина ќе го суспендира судијата на мечот Барселона-ПСЖ

aaa

Влијателниот шпански спортски весник Marca тврди дека германскиот судија Дениз Ајтекин, кој го водеше историскиот меч Барселона-ПСЖ, поради лошата арбитража ќе биде суспендиран на неодредено време.

Дениз Ајтекин си обезбеди „светска слава“, со арбитражата на натпреварот Барселона -ПСЖ, меч кој влезе во историјата на Лигата на шампионите, бидејќи Барселона успеа да ја надомести предноста на противникот од 0:4.

Историскиот меч финишираше со три гола во последните седум минути, а на овој меч Ајтекин досуди два пеналa за Барселона кои сé уште предизвикуваат полемики во фудбалската јавност.

Marca тврди дека поради лошото судење Ајтекин ќе биде отстранет од Лигата на шампионите сé додека не се смират страстите.

УЕФА сé уште официјално не реагирала на коментарите за лошото судење, а конечната одлука ќе ја донесе првиот човек на судиската организација, славниот Пјерлуиџи Колина.

Шпекулациите се дека Ајтекин ќе биде деградиран и дека до крајот на сезоната нема да суди натпревари во европските купови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП