ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција оствари значителен напредок во преговорите со кредиторите

Грција оствари значителен напредок во преговорите со кредиторите

pari grcija335

Грчката Влада соопшти дека остварила значителен напредок во комплексните преговори со кредиторите околу новиот пакет со помош.

Владата очекува во следните десет дена да бидат надминати сите несогласувања.

„Главна точка на сопнување е барањето на Атина да се обноват преговорите околу колективните договори“, рече портпаролот на грчката Влада, Димитрис Цакакопулос.

Изминатите десет дена грчките власти преговараа во Атина со европските кредитори и Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) за реформите кои што Грција мора да ги спроведе, како и за мерките за штедење што би требало да уследат по истекот на актуелната програма за помош.

Владата во Атина се надева дека рамковен договор ќе биде постигнат до 20 март, кога состанок треба да одржат министрите за финансии на еврозоната.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП