25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Трет пораз по ред за Кливленд, 31-от трипл дабл за Вестбрук...

НБА: Трет пораз по ред за Кливленд, 31-от трипл дабл за Вестбрук (видео)

vestbru30

Актуелниот шампион во НБА лигата, Кливленд, го забележа третиот пораз во низа, вкупно 21-ви во сезоната. Кливленд загуби од Детроит иако најдобриот играч Леброн Џејмс забележа трипл дабл. Трипл дабл, 31-ви во сезоната, забележа и неверојатниот Расел Вестбрук во триумфот на Оклахома над Сан Антонио.

Детроит го пречека актуелниот НБА шампион Кливленд и забележа победа 106:101. Леброн Џејмс забележа трипл дабл (29 поени, 13 скокови, 10 асистенции), додека Кајри Ирвинг постигна 27 кошеви. Детроит го предводеа Реџи Џексонсо 21 поен, односно Андре Драмонд со 20 поени и 16 скокови.

Оклахома славеше во дуелот со Сан Антонио 102:92. Расел Вестбрук имаше учинок од 23 поени, 13 скокови и 13 асистенции. Вестбрук го забележа 31-от трипл дабл во сезоната и на вечната листа се израмни со Вилт Чембрлен. Инаку прв на листата со најмногу трипл дабл учиноци во една сезона е Оскар Робертсон (41).

Сан Антонио го предводеше Каваи Ленард со 19 поени, еден помалку постигна Пау Гасол, а Ламаркус Олдриџ заврши со 17 поени.

Индивидуално, изминатата ноќ во НБА лигата, ја обележаа и двајца играчи од Балканот. Јусуф Нуркиќ го предводеше Портланд до победата над Филаделфија 114:108. Центарот од БиХ оствари рекордни во кариерата 28 поени и 20 скокови, на кои придодаде 6 блокади и 2 украдени топки. Во тимот на Филаделфија се истакна Дарио Шариќ кој исто така оствари рекорд на кариерата со 28 поени.

На другите натпревари ЛА Клиперс славеше против Мемфис 114:98, а ЛА Лејкерс го совладаа Феникс 122:110.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП