19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПлејмејкерот на Карпош Соколи, Кендрик Пери МВП на 25.коло (видео)

Плејмејкерот на Карпош Соколи, Кендрик Пери МВП на 25.коло (видео)

кендрик-пери

Плејмејкерот на Карпош Соколи, Кендрик Пери е најкорисниот играч во претпоследното коло, во регионалната АБА лига.

Американецот го предводеше Карпош Соколи до победата над Задар 85:79 со 26 поени, 4 скока и 6 асистенции. Пери имаше 30 индексни поени, најмногу од сите играчи кои настапија во ова коло.

Инаку, Карпош Соколи со победата нaд Задар само го потврди опстанокот во АБА лигата. Скопскиот тим сезоната во АБА лигата ќе ја заврши в петок со гостувањето кај Мега Лекс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП