3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Јокиќ продолжува со одличните настапи, пораз на Кливленд

НБА: Јокиќ продолжува со одличните настапи, пораз на Кливленд

Mar 21, 2016; Cleveland, OH, USA; Denver Nuggets center Nikola Jokic (15) works against Cleveland Cavaliers forward Channing Frye (9) during the third quarter at Quicken Loans Arena. The Cavs won 124-91. Mandatory Credit: Ken Blaze-USA TODAY Sports

Српскиот центар Никола Јокиќ забележа уште еден трипл дабл со кој го предводеше Денвер до победа во Милвоки. Двоцифрени бројки во три статистички категории имаше и Леброн Џејмс, но неговиот Кливленд загуби во Бостон.

Никола Јокиќ, кој ја игра својата втора НБА сезона, сериозно ја истакнува кандидатурата за наградата „Играч кој најмногу напредувал во една сезона“. Против Милвоки Јокиќ го забележа вториот трипл дабл на последните два натпревари, вкупно четврти во сезоната.

Јокиќ забележа 13 поени, 14 скокови и 10 асистенции во победата на Денвер 110:98. Најефикасен во редовите на Денвер беше Данило Галинари со 22 поени, додека на спортивната страна поен помалку постигна Крис Мидлтон.

Дербито на Истокот се одигра во Бостон каде домаќинот предводен од Ајзеа Томас (31 поен) го совлада актуелниот шампион Кливленд 103:99. Кливленд со трипл дабл го предводеше Леброн Џејмс (28 поени, 13 скокови, 10 асистенции).

Резултати:

Орландо – Њујорк 90:101

Атланта – Далас 100:95

Мајами – Филаделфија 125:98

Торонто – Вашингтон 96:105

Бостон – Кливленд 103:99

Милвоки – Денвер 98:110

Њу Орлеанс – Детроит 109:86

Сан Антонио – Индијана 100:99

Јута – Минесота 80:107

ЛА Клиперс – Хјустон 103:122

Сакраменто – Бруклин 100:109.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП