28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГС падна во Вашингтон, Вестбрук ја растури Јута, Јокиќ блескаше во Чикаго...

ГС падна во Вашингтон, Вестбрук ја растури Јута, Јокиќ блескаше во Чикаго (видео)

samu

Поразот на Голден Стејт во Вашингтон, надреалната партија Расел Вестбрук против Јута и трипл дабл учинокот на Никола Јокиќ во Чикаго ги обележаа натреварите во НБА лигата одиграни изминатата ноќ.

Вашингтон одигра добра прва четвртина, а во финишот мирно и трпеливо поради што го победи Голден Стејт 112:108. Бредли Бил го предводеше Вашингтон со 25 поени, Бојан Богдановиќ постигна 16 кошеви, а Џон Вол забележа 12 поени и 19 асистеции.

Стеф Кари беше најефикасен кај Голден Стејт со 25 поени, но повторно имаше лоша шутерска вечер, погоди девет од 20-те обиди (2/9 за три).

Инаку, Голден Стејт овој меч го одигра без Кевин Дурент, кој по две минути игра се повреди и повеќе не се врати на теренот.

Расел Вестбрук одигра уште еден неверојатен меч и со 43 поени, 11 скокови и 10 асистенции ја предводеше Оклахома до победата 109:106 над Јута. Овој трипл дабл беше 30-ти оваа сезона за Вестбрук.

Трипл дабл и тоа трет во кариерата забележа младиот српски центар Никола Јокиќ. Тој во победата на Денвер во Чикаго 125:107, забележа 19 поени, 16 скокови и 10 асистенции. Јокиќ е првиот кошаркар на Денвер уште од легендарниот Дикембе Мутомбо кој забележал најмалку три трипл дабл учиноци во една сезона.

Мајк Конли и Марк гасол искомбинираа 57 поени во победата на Мемфис над Феникс 130:112.

Детроит предводен од Маркус Морис, кој постигна 37 поени, по едно продолжение го совлада Портланд 120:113.

Лејкерси загубија од Шарлот 104:109 во чии редови Кемба Вокер постигна 30, а Френк Камински 24 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП