19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКарпош Соколи загубија од Цедевита

Карпош Соколи загубија од Цедевита

cedevita-karpos-680x365_c

Цедевита славеше над Карпош Соколи 81:77, во натпревар од 24.коло во АБА лигата. Хрватскиот првак со оваа победа го задржа второто место на табелата, поради подобриот меѓусебен скор со Партизан, додека Карпош Соколи има 9 победи и 15 порази.

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, во Загреб одигра еден од најдобрите натпревари во сезоната, беше блиску но не успеа да приреди вистинска сензација во Загреб.

„Соколите“ во текот на целиот меч беа израмнети со фаворизираниот противник, имаа три поени предност по првото полувреме 36:39, а загубија во незивесна завршница, во која загубија две топки.

Крушлин со тројка го реши победникот, откако претходно Пери погоди за водство на „Соколите“ 77:78.

Блескаше во редовите на Карпош Соколи искусниот Лабовиќ кој со 27 поени беше најдобриот играч на мечот.

Карпош Соколи во наредното коло ќе го пречека Задар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП