18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕнфилд го менува името поради милиони

Енфилд го менува името поради милиони

liverpool-qatari-investment-600x337

Арапските милиони „ја вртат бургијата и таму кај што неможе“! Па така според пишувањата на англиските медиуми би можело да се случи легендарниот стадион на Ливерпул, „Енфилд“ да го промени името поради спонзори и големата сума на пари кои ќе бидат вложени во клубот.

Имено катарската телекомуникациска компанија „Ooredoo“ преговара со челниците на Ливерпул во врска со повеќемилионската соработка, која би подразбирала и стадионот да го земе името на големиот спонзор.

„ Ливерпул е голем клуб, како во англиски, така и во светски рамки. Потребни им се пари за да се вратат на врвот, па ние сакаме да им помогнеме. Имаме во план долгорочна соработка, а можеби и логото на нашата компанија да се најде на дресовите на екипата. Англискиот фудбал како и Ливерпул се голем „магнет“ за азискиот пазар“, изјавил Ал Џазири портпаролот на катарската телекомуникациска компанија.

Нема сомневање дека Ливерпул со раширени раце ќе го дочекаат овој спонзор, кој веднаш би вложил во клубот, но прашање е како навивачите ќе реагираат на промената на името на легендарниот „Енфилд“. Приврзаниците на „црвените“ се држат до историјата и традицијата на својот клуб, но од друга страна долго време чекаат на трофеии и учество во Лигата на шампионите.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП