
Навигациската компанија TomTom објави листа со најпрометните градови во светот.
Индексот за сообраќај на TomTom, објавен вчера на нивната страна, се базира на 19 илјади милијарди точки собирани во текот на девет години во вкупно 390 градови.
Нивото на метеж кое се оценува од 0 до 100%, се движи од 66% во најпрометните градови до 9% во најмалку прометните градови.
Ралф Питер Шефер, потпретседател на TomTom вели дека соопштението за индексот на сообраќај во градовите е креиран за да им се помогне на возачите, градовите и планерите на сообраќај со цел да се разбере сообраќајниот метеж, и што е најважно, да се пронајде начин да се намали.
Целосниот извештај, кој влучува 189 градови во целост, може да се види ТУКА.
25. Лондон, Велика Британија (40%)

24. Тајпеј, Тајван (40%)

23. Тијанџин, Кина (41%)

22. Шангај, Кина (41%)

21. Санкт Петербург, Русија (41%)

20. Каосиунг, Тајван (41%)

19. Буенос Аирес, Аргентина (42%)

18. Шијиазхуанг, Кина (42%)

17. Сантијаго де Чиле, Чиле (43%)

16. Хангжу, Кина (43%)

15. Шенжен, Кина (44%)

14. Гуангжу, Кина (44%)

13. Москва, Русија (44%)

12. Лос Анџелес, САД (45%)

11. Чангша, Кина (45%)

10. Пекинг, Кина (46%)

9. Таинан, Тајван (46%)

8. Рио де Жанеиро, Бразил (47%)

7. Ченгду, Кина (47%)

6. Истанбул, Турција (49%)

5. Букурешт, Романија (50%)

4. Чонгкинг, Кина (52%)

3. Џакарта, Индонезија (58%)

2. Бангкок, Тајланд (61%)

1. Мексико Сити, Мексико (66%)




