24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБејл играч на сезоната, Јунајтед со четворица во тимот

Бејл играч на сезоната, Јунајтед со четворица во тимот

slikaa

Премиерлига го избра играчот на Тотенхем, Герет Бејл за најдобар фудбалер во сезоната 2012/2013, додека во идеалниот тим се најдоа четири играчи од новиот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед.

Од „Олд Трафорд“ тука се Давид де Геа, Рио Фердинанд, Мајкл Керик и Робин ван Перси. Боите на Сити ги бранеше само Пабло Забалета, а пак Челзи имаше двајца претставници, Еден Азар и Хуан Мата.

Покрај Бејл честа на Тотенхем ја бранеше уште и Јан Фертонген, Луис Суарез го претставуваше Ливерпул, а пак Лејтон Бејнс екипата на Евертон. Арсенал нема ниту еден претставник во првиот тим на Премиерлигата.

Покрај признанието за играч на сезоната, 23-годишниот Бејл ја освои и титулата за најдобар млад фудбалер. Велшанецот оваа сезона постигна 19 голови на 30 средби, а притоа додаде и четири асистенции.

Па така помина и четвртата сезона во која играчот на годината не е фудбалер од редовите на шампионот. Последниот кој ја освои Премиерлигата и беше играч на сезоната е Рајан Гигс во 2009-та година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП