28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДоговорена борба на Мејвејдер и Мек Грегор од милијарда долари?

Договорена борба на Мејвејдер и Мек Грегор од милијарда долари?

floyd-680x365_c

Британските и американските медиуми пренесоа дека Конор Мек Грегор и Флојд Мејвејдер договориле бокс меч во Лас Вегас вреден една милијарди долари.

Медиумите веќе неколку месеци шпекулираа дека тимовите на двајцата борци договраат борба, а во вторникот објавија дека мечот ќе добие потврда на 28.февруари.

Инаку, преговорите ги „минира“ трета страна, а се претпоставува дека тоа е UFC, со кого Мек Грегор има договор. Овој 28-годишен борец ги откажал состаноците со навивачите и спонзорите и заминал во САД, за како што се шпекулира, да ги финализира преговорите за борбара која ќе вреди една милијарда долари.

Флојд Мејвејдер (39) и натаму нема пораз во кариерата, а според прогнозите во евентуалната борба против Мек Грегор би бил фаворит, меѓудругото и поради тоа што мечот ќе се одржи на негов терен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП