25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДортмунд договори соработка со Turkish Airlines

Дортмунд договори соработка со Turkish Airlines

th

„Turkish Airlines“ објави дека ќе стане спонзор на хитот во Лигата на Шампионите оваа година Борусија Дортмунд.

Известувањето дојде веднаш откако шампионот на Германија за 2011-та и 2012-та година триумфираше со 4:1 против Реал Мадрид во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Шампионите.

„На 2-ри мај „Turkish Airlines“ и Борусија Дортмунд ќе се состанат за да потпишат тригодишен договор. Ова претставува силно поврзување на двете страни и ќе вклучува бројни заеднички програми и настани. Најважно „Turkish Airlines“ ќе биде одбраната авиокомпанија за сите меѓународни патувања на Борусија Дортмунд”, изјави претседателот на авиокомпанијата Хамди Топчу.

„Turkish Airlines“ лета до 12 германски градови со вкупно 250 летови неделно. Во составот на Борусија играат двајца играчи кои потекнуваат од Турција, Сахин и Гундоган. Се очекува од овој договор Борусија да добива по 2 милиони евра годишно.

„„Turkish Airlines“ се многу силен бренд со очигледно висок квалитет и првокласна услуга. Очекуваме да имаме добра соработка со нив и сме задоволни што не избраа како партнер за реализација на своите цели”, коментира извршниот директор на „жолто-црните“ од Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке.

Инаку авиокомпанијата пред извесно време стана и е официјален превозник и на новиот англиски шампион Манчестер Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП