Економскиот раст во Норвешка забрзува, но побавно од очекуваното во четвртото тримесечје, соопштува „Bloomberg“. Најголемиот производители на нафта во Западна Европа почнува да излегува од долгиот пад во нафтената индустрија.
Бруто домашниот производ (БДП), кој ја исклучува нафтата, гасот и трговскиот превозот, расте со 0,3% на квартална основа во крајот на годината, покажуваат податоците на статистичката служба. Економистите анкетирани од „Bloomberg“, очекуваа зголемување во износ од 0,4 отсто.
Вкупниот БДП расте со 1,1%, бидејќи инвестициите во нафтената индустрија растат (со 3,6%) за прв пат по 13 квартали.
„Премногу е рано да заклучиме дека инвестициите во нафта се вратиле на позитивна територија, бидејќи операторите на континенталниот гребен сигнализираа дека ќе намалат инвестициите со околу 10% во оваа година“, вели Мариус Гонсхолт Хов, економист во „Handelsbanken“ во Осло.
„И сепак бележи побавна контракција во споредба со 2015-та година и 2016-та година“, додава тој.
Поради огромните владини трошоци од државниот нафтен фонд, поради рекордно ниските каматни стапки и слабата круна, економијата на Норвешка во вредност од околу 400 милијарди долари избегна рецесија во средина на колапсот на глобалниот пазар на нафта. Поскапувањето на нафтата во последно време исто го зголеми оптимизмот во индустријата, каде во последните три години во Норвешка беа скратени 40.000 работни места.
Гувернерот на централната банка Ојстејн Олсен сигнализира дека повеќе нема да ја намалува каматната стапка, која е на рекордно ниско ниво од 0,5%, делумно поради стравувањата за зголемените цени на имотите.
Потрошувачка расте со 0,7% во периодот октомври – декември, извозот се намалува за 1,3%, а јавната потрошувачка расте со 0,5 отсто.