ПочетнаЕКОНОМИЈААтина не се согласува со предложените мерки на ММФ

Атина не се согласува со предложените мерки на ММФ

Grcka-600x400

Грчката Влада соопшти денес дека не се согласува со регулативите неопходни за добивање на странска финансиска помош, кои ги претставија членовите на извршниот Одбор на Меѓународниот монетарен фонд ММФ, со што дополнително се комплицираат напорите за постигнување на напредок во преговорите.

Портпаролот на грчката влада Димитрис Цанакопулос изнесе обвиненија денес, само неколку часа откако одборот на ММФ го објави соопштението за Грција.

Според неговите зборови, грчката Влада е против „нерационалните барања“ кои ги изнесе ММФ, вклучувајќи ја и програмата со мерките за штедење по завршувањето на овогодишната програма за финансиска помош.

Во преговорите околу реформите во Грција непрекинато владеат несогласувањата.

Грција е против реформите на пазарот за труд, а ММФ не се согласува со европските кредитори во врска со обемот на отпис на грчкиот долг.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП