20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШалке бара 100 милиони за Дрекслер

Шалке бара 100 милиони за Дрекслер

draksler116397020130426142213

Генералниот менаџер на Шалке, Хорст Хелд изјави дека клубот нема намера да го продаде Јулијан Дрекслер во следниот преоден рок.

Германскиот репрезентативец го поврзуваат со трансфер во некој од најбогатите европски клубови, како што се Јувентус, Арсенал, Баерн, Реал и Борусија.

Сепак челниците на клубот од Гелзенкирхен не сакаат да го продадат својот млад играч.

„Тој нема клаузула во договорот, а ние немаме намера да го продадеме. Тој тука се чуствува многу пријатно и мислам дека сака да остане подолго тука. Но сепак неможеме да го обвиниме Дрекслер доколку има сон еден ден да заигра за некој од најголемите клубови во светот. Доколку некој понуди 100 милиони евра за него би можеле да разговараме“, изјави Хелд.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП