ПочетнаЕКОНОМИЈАБарселона ќе ја поскапи посетата за туристите

Барселона ќе ја поскапи посетата за туристите

barcelona-photoblog

Барселона заради преголемиот број на туристи има намера да воведе финансиски мерки со кои ќе ја поскапи посетата на овој град.

Градската власт претстави стратешки план според кој автобусите паркирани пред знаменитостите би плаќале паричен надомест, а онаму каде што тоа е веќе воведено, би се покачил износот.

Во план е и покачување на висината на надоместокот за туристички престој во хотелите и хостелите, додека сопствениците на апартмани би можеле да плаќаат посебен данок, односно нивните станови би се воделе како туристички објекти.

Главниот град на Каталонија се соочува со преголем број на туристи.

„Барселона преку паричен надомест сака подобро да го искористи туризмот“, рече Агусти Колом од градската управа на претставувањето на планот кој би можел да заживее оваа година.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП