Апетитот на инвеститорите за имот во Европа останува силен и покрај засилената геополитичка несигурност. Ова се наведува во прогнозата на консултантската компанија „Knight Frank“ за пазарот на недвижности на Стариот континент во оваа година.
Со најголем потенцијал да прекине и без тоа кревкото економско закрепнување на еврозоната се изборите во неколку европски држави. Тие сепак може и да се создадат многу можности за опортунистичко настроените инвеститори кои бараат квалитетни средства со добри цени.
Довербата на пазарот на недвижности во Велика Британија се очекува да остане нестабилен поради преговорите за заминувањето од Европската унија (ЕУ). На некои од послабите пазари, каде и цените се уште се ниски, аналитичарите очекуваат дополнителени ценовни притисоци.
Изборите во Холандија, Франција и Германија исто така имаат потенцијал барем на краток рок да го изладат пазарот во овие земји, се наведува во извештајот.
Барем засега Европската централна банка (ЕЦБ) ја задржува каматната стапка на рекордно ниско ниво и продолжува со програмата за откуп на средства до крајот на годината. Тоа продолжува да ги поддржува најатрактивните позиции на имотот на инвестициските пазари, иако очекувањата на инвеститорите веќе да не се толку оптимистички.
Инвеститорите ќе продолжат да го насочуваат капиталот кон секторот на недвижности, иако дел од средствата наменети за Велика Британија, ќе се пренасочат кон други пазари.
Истовремено слабеењето на фунтата создава привлечни можности за инвеститорите надвор од Европа, освен што врши притисок врз капиталните вредности на имотите на долгорочните инвеститори.
Во Германија, Швајцарија и Франција се очекува зајакнување на инвестициите во имот поради негативните каматни стапки врз државните обврзници.
Очекувањата на „Knight Frank“ се инвестициските волумени на пазарот на деловен простор во Европа како целина да се задржат на нивото од 2016-та година, кога пак забележаа околу 20% пад во однос рекордните во 2015-та година.
Ниските камати ќе продолжат да вршат притисок врз профитабилноста, но се очекува забавување на темпото на намалување.
Оваа година, според експертите, несомнено ќе биде годината на т.н. „алтернативни“ средства. Овие специјализирани сектори – на пример студентските домови, имотите во здравствениот сектор и слично, се сметаат за ризични, но нудат прилично висок поврат кој привлекува повеќе инвеститори.
Годината беше добра и за помалите градови во Европа, со оглед на зголемената конкуренција за средства и високите цени во водечките пазари.