
Последните податоци на Еуростат покажуваат дека Македонија ја има најевтината храна, пијалоци и цигари во Европа.
Агенцијата Еуростат направи споредба на цената на храната и пијалоците во цела Европа.

Според податоците Македонија има најевтина храна, пијалоци и цигари во цела Европа.
Потоа следуваат Албанија, Бугарија, Србија и Косово.

Најскапа храна се продава во Швајцарија, а најскапи пијалоци и цигари во Норвешка.
Но сепак, според платите во Македонија, цените на храната, пијалоците и цигарите се сеуште многу високи.



