23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКире Лазаров прогласен за најдобар стрелец на СП во Франција

Кире Лазаров прогласен за најдобар стрелец на СП во Франција

16387236_1740281895997701_4216401007018856983_n

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е најдобриот стрелец на 25-то Светско првенство, кое во неделата заврши во Франција со триумф на домашната репрезентација.

Кирил Лазаров ќе ја освои третата титула најдобар стрелец на големите натпреварувања, откако претходно ги предводеше стрелците на Мундијалот во Хрватска во 2009 година и Европското првенство во Србија во 2012 година.

Еден од најдобрите десни бекови во историјата на Светското првенство одигра шест натпревари и постигна 50 голови од 81 обид, односно имаше реализација од 62 отсто.

Против Тунис тој постигна 12 голови, а потоа следуваа Ангола (10), Словенија (9), Шпанија (6), Исланд (7) и Норвешка (6).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП