Енергетската компанија „Chevron“ се врати кон профит во последниот квартал по намалувањето на трошоците во позадина на тешката ценовна средина.
Сепак профитот останува доста под оценките на аналитичарите, а акциите на втората по големина енергетска компанија во САД поевтинија за 2,9% пред отворањето на пазарот до 113,13 долари.
Главниот извршен директор Џон Вотсон изјави дека резултатите се одразуваат на ниските цени на нафтата и природниот гас во текот на годината.
„Одговоривме агресивно на овие услови, намалувајќи го капиталот и оперативните трошоци со 14 милијарди долари“. Тој додаде дека компанијата треба да покаже добар профит и балансирани готовински текови во 2017-та година поради тековните штедења и контрола на трошоците, како и поради дополнителните приходи од очекуваниот раст на производството.
Компанијата ја зголеми годишната дивиденда за 2016-та година за 29-та година по ред. „Chevron“ ја зголеми дивидендата за четвртиот квартал со еден цент, или 0,9%, до 1,08 долари за барел.
Во последната година просечната цена за продажба на барел сурова нафта и природен гас од компанијата била 40 долари, што е над 35-те долари за истиот период од претходната година.
Поставена под притисок од долгиот пад на цените на нафтата, со намалена профитабилноста, компанијата со седиште во Сан Рамон, Калифорнија, ги намали трошоците. „Chevron“ изјави дека ќе отпушти 8.000 работници – околу 12% од работната сила, и ќе отстрани милијарди долари од буџетот на капиталните расходи, за да се справи со пазарните услови.
За периодот до крајот на декември „Chevron“ забележа профит од 415 милиони долари, или 22 центи по акција, во споредба со загубата од 588 милиони долари, или 31 центи по акција, во претходната година. Тоа, сепак, се покажа доста под прогнозата на аналитичарите во анкетата на „Thomson Reuters“ за 64 центи по акција.
Приходите се зголемија за 7,7% до 31,5 милијарди долари, што е над оценките за 30,3 милијарди долари.
Добивката од активностите со рафинирање забележа пад со 65% до 357 милиони долари во последниот квартал.
Бизнисите со студии и сондажи во САД сепак се вратил кон профит од 121 милиони долари по загубата од 1,95 милијарди долари на годишно ниво. Ова главно се должи на пониските трошоци за амортизација, студии и оперативни трошоци и повисоко производство на сурова нафта и природен гас.