20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБраун: Сакам да тренирам екипа од Европа

Браун: Сакам да тренирам екипа од Европа

larry-brown22

Тренерската легенда во НБА лигата, Лери Браун, во изјава за „Gazzetta dello Sport“, истакнал дека би сакла да предводи некоја евролигашка екипа.

Лери Браун, кој во 2004 година беше селектор на САД на ОИ во Атина, открил дека имал контакт со раководството на Макаби од Тел Авив.

„Би сакал да трениерам некоја евролигашка екипа. Тоа е најдоброто првенство после НБА лигата. Имав контакт со Макаби од Тел Авив, но тие веќе сменија тројца тренери, таму ситуацијата не е идеална за мене“, рекол Браун.

Лери Браун, во кариерата, два пати бил прогласуван за тренер на годината во НБА лигата (1977, 2001), а во 2004 година со Детроит ја освои својата единствена шампионска титула. како тренер ги предводел Сан Антонио, ЛА Клиперс, Индијана, Филаделфија, Детроит, Њујорк и Шарлот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП