ПочетнаЕКОНОМИЈАРокот за поднесување даночни пријави продолжен до први односно седми февруари

Рокот за поднесување даночни пријави продолжен до први односно седми февруари

ujp4444

Управата за јавни приходи го продолжи за пет работни денови рокот за поднесување пријави за ДДВ и Годишни извештаи, откако деновиве повеќе фирми се пожалија дека системот за пријава на УЈП не функционира.

УЈП информира дека крајниот рок за поднесување ДДВ пријави бил на 25 јануари и се продолжува до 1 февруари 2017 година, додека за Годишните извешти се продолжува до 7 февруари 2017 година.

Од УЈП појаснуваат дека продолжувањето е согласно Законот за даночна постапка, во услови на масовно, а отежнато поднесување на даночни пријави и извештаи преку системот е-Даноци.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП