25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал без повредените Модриќ и Марсело

Реал без повредените Модриќ и Марсело

lukamodric-cropped_jd42w7uid269196zai1jb4qpj

Лекарскиот тим на Реал Мадрид соопшти дека повредените Лука Модриќ и Марсело ќе отсутвуваат од тимот во наредните десет, односно 30 дена. Хрватот и Бразилецот со повредите се здобија на саботниот натпревар од 19.коло во Примера против Малага (2:1).

Модриќ против Малага одигра 78.минути кога тренерот Зидан го извади од игра поради повреда. лекарските прегледи покажале дека хрватскиот репрезентативец има оптоварување на адукторот во десната нога. Надежите се дека тој за десет дена ќе биде подготвен да се врати во тимот.

За разлика од Мордиќ, Марсело ќе отсуствува најмалку еден месец. Бразилецот против Малага настапот го заврши по 25 минути игра. Марсело има раптура на бицепсот на ногата.

Реал во наредниот месец има исклучително тежок распоред ќе го игра реваншот во Купот на Кралот против Селта, а во првенството ќе игра против Реал Сосиедад, Селта, Осасуна, Еспањол, Валенсија и Виљареал, а на 15.февруари и против Наполи во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП