16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанасков нема да настапи на дуелот со Норвешка

Манасков нема да настапи на дуелот со Норвешка

manaskov002

Македонската ракометна репрезентација, без Дејан Манасков ќе и се спротивстави на Норвешка во осминафиналето на 25-то Светско првенство.

Македонија, в сабота во олимпискиот Арбервил, ќе го одигра осминафиналниот натпревар против селекцијата на Норвешка, која го освои второто место во А групата.

Селекторот Лино Червар во тимот ќе го нема Дејан Манасков, кој се повреди во финишот на натпреварот со Исланд (27:27). Левото крило на Рајн Некар има повреда на мускулот и најверојатно во наредните два месеца ќе отсуствува од ракометните терени.

За разлика од Манасков, стручниот штаб на репрезентацијата ќе може да смета на Филип Миркуловски, кој исто така предвреме го заврши мечот со Исланд.

Осминафиналниот дуел меѓу Македонија и Норвешка, в сабота, ќе започне во 16 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП