19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонската ракометна репрезентација поразена од Словенија

Македонската ракометна репрезентација поразена од Словенија

rukomet

Македонската ракометна репрезентација го доживеа првиот пораз на 25-от Мундијал, откако во третото коло загуби од Словенија 29:22 (16:10).

По блескавиот пресврт и победата над Тунис и рутинскиот триумф над Ангола, македонските ракометари против Словенија одиграа исклучително лош натпревар, по што поразот беше неминовен.

Многу слабости демонстрирааа избраниците на Лино Червар во текот на целиот меч, одбраната порозна, голманите слаби, а напаѓачките формации тешко ја пробиваа зоната на Словенците предводена од одличниот голман Скок.

Македонија водеше 2:1 во четвртата минута, а потоа на теренот играа само Словенците. Скок влезе во ритам, неговите одбрани, но и двата промашени зицери на македонските ракометари и донесоа предност на Словенија најпрвин 5:2 и 7:3, а потоа и 11:6.

Токму во таа насока се одвиваше целиот натпревар, Словенците во серија постигнуваа два или три гола и само ја зголемуваа својата предност. Залудни беа промените кои ги правеше Червар и во зонската одбрана и во нападот, Македонија едноставно целиот меч го одигра во контраритам.

Кире Лазаров со девет голови ја предводеше Македонија, а три постигна најдобриот македонски играч на овој меч Стоилов.

Македонија следниот натпревар ќе го одигра в среда (20:45 часот), кога за противник ќе го има фаворитот Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП