24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООткажана деветтата етапа на релито Дакар

Откажана деветтата етапа на релито Дакар

dakar3993

Деветтата етапа на релито Дакар долга речиси 1.000 километри од Салта до Челисито во Аргентина е откажана поради лошите временски услови. Дождот и силниот ветер предизвикале свлечишта поради што загрозено е и локалното население.

Поради затворените патишта голем дел од тимовите кои учествуваат на релито Дакар не биле во можност навреме да пристигнат на стартот, поради што организаторот ја откажа етапата. Релито ќе продолжи в четврток, на 12. јануари, со 10-та етапа која ќе се вози од Челисито до Сан Хуан.

По осум дена кај автомобилистите води Себастијан Леб, кој во вторникот ја презеде челната позиција од осумкратниот шамион Стефан Петерхансел.

Вкупен лидер кај мотоциклистите е Сем Сандерелнд пред Пабло Кинтаниљо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП